Кина се плаши, воведува лимит за подигање пари
Кинеската куќа за картички (China UnionPay), која ги издава речиси сите банкарски картички во земјата, ќе го ограничи подигањето на средствата на 100 000 јуани (16.000 долари) годишно, известува Кинеското национално радио.
Оваа мерка ќе стапи на сила од 2016 година, и настапува во моментот на бројни медиумски известувања дека инвеститорите наголемо го префрлуваат капиталот во странство во потрага за остварување на поголемо враќање.
„Целта на ограничувањето е додатно зајакнување на борбите против перење пари и спречување на финансиски ризик“, јавува кинеското радио, пренесувајќи ја изјавата на Јунион пеј, кој моментално го држи ограничувањето на дневно подигање средства во странстбо од 10 000 јуани.
Слично
