Кина пронајде лек против ебола: Вакцините веќе пратени во Африка
Кинескиот произведувач на лекови „Sihuan“ испратил експериментален лек за ебола во Африка за кинеските хуманитарни работници и планира таму да изведе клинички тестирања за борба против смртоносната болест, изјавија претставници од компанијата.
„Sihuan фармацевтската група“ испорача неколку илјади дози од лекот JK-05 ве регионот, рекол главниот оперативен директор на компанијата Јиа Жонгџин, додавајќи дека би можеле да испратат уште дози во западна Африка.
Епидемијата на ебола во западна Африка досега усмрти повеќе од 4000 луѓе.
Волнотереите веќе го добија лекот, а ако се покаже дека помага, може да се користи лекот“, додал Хуо Цаика, помошникот на генералниот директор на компанијата Sihuan.
„Sihuan“, кој е во делумна сопственост на американската инвестициона банка „Morgan Stenli“, се надева дека лекот ќе биде одобрен за цивилна заштита во Кина. Лекот засега е одобрена само за војската, исклучиво во вонредни состојби. Го развиваа научници на кинеската војска.
Кина пратила стотина хуманитарни работници во Африка да помогнат во борбата против епидемијата на ебола и повеќе од 35 милиони долари во вид на медицинска помош во најмногу погодените земји.
Лекот JK-05 не е употребуван на луѓе, иако Sihuan вели дека е ефикасен во текот на тестираење на животни и глувци.
Евентуален успех на експерименталниот лек против ебола би значел спасување на бројни заболени од оваа зла болест.
