Кина: Продажба на горива и на социјалните мрежи
Водечкиот кинески преработувач и дистрибутер на горива Sinopec работи на новиот договор со најпознатата кинеска медиска компанија како би го унапредил функционирањето на своите бензински станици.
Така корисниците на социјалната мрежа WeChat ќе можат да дознаат различни информации за бензинските станици на Sinopec, а истовремено ќе можат да платат услуга по пат на кредит на својот профил.
Овој договор ќе биде последен во низата, со кој Sinopec се обидува да го унапреди своето работење. Компанијата веќе е во преговори со сервисот за достава на СФ Експрес, продавачот Ruenteks и Taiping осигурување.
Слично
