Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина преку сателити ќе ја следи злоупотребата на службени автомобили

Кина преку сателити ќе ја следи злоупотребата на службени автомобили
Кина планира да инсталира уред за сателитско следење во службените возила за да ги одврати функционери од навиката државните автомобили да ги користат за приватни цели, пишува кинескиот печат повикувајќи се на податоци од владиниот сервис за спречување на корупцијата. Инспекцијата на централната дисциплинска комисија во својот извештај наведува дека годинава за приватни цели се користеле околу 200.000 службени автомобили, и сугерираше дека министрите и локалните власти мора да поднесат детален извештај за користењето на возилата. Во Гуангжу во 2011 година на југот на Кина беше усвоен план за инсталирање на уреди за сателитско следење на возила на компанијата со кои веќе биле заштедени 42 милиони јуани ( околу 7 милиони долари),тврди инспекцијата.
Слично

Поврзани вести