Кина пред прагот на големи реформи
Во различните слоеви на кинеското општество се повеќе се зборува за социјалната нееднаквост, поделбата меѓу богатите и сиромашните, како и потребата за политички и економски реформи.
Како што пренесува Би Би Си притисокот на кинескиот народ во последните неколку години е најголемата причина за кинеските Власти да да ги направат досега најголемите реформи во оваа држава.
Новата влада предводена од Си Џинпин, е ставен пред најтешка задача - да најде златната средина во решавањето на кризата.
Во Кина во пракса има два света. Само на половина километар од Пекинг можете да наидете во области каде што населението живее во сиромаштија.
Во моментов во Кина не постои единствен стандард за пристап до системот за социјално осигурување како и до други јавни добра.Во пракса милиони Кинези не ни излегуваат од регионот или од градот во кој што живеат.
Така, на пример човек кој 20 години живее во главниот град Пекинг, а доаѓа од провинција има исклучителни тешкотии да го запише своето дете во училиште или да користи социјална помош.
Сиромашните во Кина дури и не можат да сонуваат еден ден да бидат богати.
Спроведување на предвидените реформи би можело да ја ослабне моќта на владејачката партија, но од друга страна, неактивноста ќе ги засили уште повеќе тензиите во општеството
Слично
