Кина го повика Трамп „за воздржаност“ во однос на Северна Кореја
Претседателот на Кина Си Џинпинг го повикал државниот шеф на САД Доналд Трамп „за воздржаност“ во однос на Северна Кореја. Ова се случило за време на телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери, пренесува AFP, повикувајќи се на кинеската државна телевизија CCTV.
„Кина се надева дека заинтересираните страни можат да покажат воздржаност и да избегнуваат активности кои би ги зголемиле тензиите на Корејскиот полуостров“, истакнал Си Џинпинг .
Следните денови се очекува американскиот носач на авиони „Карл Винсент“ да пристигне во близина на брегот на Корејскиот полуостров.
Во меѓувреме Северна Кореја одлучи да демонстрира воена сила и најави дека е подготвена да го потопи. Реакцијата на Пјонгјанг е испровоцирана од пристапувањето на два јапонски бродови на американскиот носач на авиони.
