Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина планира намалување на индустриските капацитети

Кина планира намалување на индустриските капацитети
Кина ја разгледува можноста за намалување на капацитетите на индустриско производство во земјата, мерка која сепак може да биде тешко применлива, пишува Ројтерс. Новите правила кои ќе се одразат на металургијата, бродоградителството, производството на алуминиум, цемент и стакло, ќе бидат донесени за неколку недели. Пекинг се обидува да се справаи со големите капацитети во овие сектори повеќе од деценија, но се чини ќе има неуспех поради загриженоста на владите за економскиот раст и зголемување на приходите во државната каса. Сепак неуспехот за контрола на производство може да биде дополнителен притисок врз пазарите, кои во моментов се силно подложни на негативни сигнали. Светскиот пазар на суровини е високо зависен од кинеските побарувања. Обидите да се модернизира индустријата можат да ги направат долгорочните прогнози повеќе ранливи, што од своја страна ќе влијае значително на побарувачката. Главни продавачи на железна руда и јаглен за Кина се „Rio Tinto“, „BHP Billiton“ и „Vale“. Новата кинеско влада се обидува да ги реформира клучните сектори од економијата и вложува напори да го заузда кредитниот раст, кој предизвика „балон“ кај сел од средствата. Но за да го намали капацитетот на индустриското производство, Кина треба да дејствува многу внимателно, за да не дојде до непотребно губење на работни места. Најверојатно новиот план ќе стави крај на некои нови проекти и ќе се фокусира повеќе на процесите на спојувања и превземања на компании. За 2013 година Кина предвидува намалување на производството на челик со 7,8 милиони тони и на алуминиум со 273 илјади тони.
Слично

Поврзани вести