Економија, финансии, бизнис

Контакт

КИНА: Осум мртви во судири на градилиште

КИНА: Осум мртви во судири на градилиште
Осум лица загинаа во жестоки судири меѓу градежни работници и селани на едно градилиште во  југозападната кинеска провинција Јунан. Локалните власти не ги откриле причините заради кои дошло до физичка пресметка, туку само го објавиле бројот на жртвите и повредените. Меѓу загинатите има шестмина градежници и двајца селани. Кинеските медиуми наведуваат дека често доаѓа до судири помеѓу локалното население и градежните работници во оваа област, затоа што селаните сметаат дека не добиле доволно пари за земјата која им се одзема за изградба на некој проект.
Слично

Поврзани вести