Економија, финансии, бизнис

Контакт

КИНА ОБВИНИ: „Овие војници ни го донесоа коронавирусот“

КИНА ОБВИНИ: „Овие војници ни го донесоа коронавирусот“

Првиот портпарол на Владата на Кина и претставник на МНР, Зао Лијиан , на социјалните мрежи објави извештај кој го објавила веб-страна од Канада која се занимава со завери, а во кој се сугерира дека коронавирусот потекнал од Соединетите Американски Држави.

-Земете само неколку минути да прочитате уште еден текст. Ова е толку зачудувачко што промени многу работи во кои верував. Ширете што понатаму за да знаат луѓето-напишал портпаролот на Твитер.

„ФАТЕНИ НА ДЕЛО“

Тој објавил пост со наслов: „Шокантен развој. Дали вирусот потекнал од САД“, пренесува АлЏезеира на англиски јазик.


Претходно Лијиан објавил видео со сослушувања во Конгресот во САД, во кој сугерира дека американските центри за контрола и превензија на заразата се „фатени на дело“, зборувајќи дека „нултиот пациент со коронавирус е од САД.

Во еден од твитовите, Зао наведува дека директорот на центарот Роберт Редфилд признал дека некои Американци кои, како што изгледа, починале од последица на грипот, позитивно се тестирани на коронавирусот.



Izvor: Al Jazeera


Слично

Поврзани вести