Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина објави втора „црвена тревога“ во Пекинг поради загадувањето

Кина објави втора „црвена тревога“ во Пекинг поради загадувањето

Кинескиот главен град издаде "црвена тревога" за загадување во петокот по првата слична загриженост претходно овој месец и ветувањата на државата да се справи со опасните нивоа на смог, пренесе "Ројтерс".

Властите предупредија за тешки нивоа на загадување од сабота до следниот вторник, кои го кренаа нивото на тревога на највисоко ниво. Ова води до воведувањето на итни мерки како ограничување на употребата на автомобили и затворање на училишта.

По децении на економски раст, лидерите на Кина ветија да се справат со загадувањето во воздухот, водата и почвата.

Втората "црвена тревога" во Пекинг доаѓа откако беше постигнат договорот за климата во Париз во почетокот на месецот, што цели да се ограничи употребата на фосилни горива во економиите во светот во наредните децении, во обид да се ограничи глобалното затоплување.

Првата "црвена тревога" за градот беше издадена на 7 декември, ограничувајќи го движењето по патиштата и градежните активности.

Пекиншката метеоролошка служба изјави дека употребата на возила ќе биде строго ограничена, огномет и собирање на отворено ќе бидат забранети. Таа исто така препорача училиштата да ги укинуваат часовите.

Жителите на градот веќе критикуваа ги властите за тоа што премногу бавно издавале предупредувања за тешкиот смог, кој често надминува опасни нивоа на индексите на загадување.

Министерот за животна средина Чен Жинел ветил овој месец сурови казни за органи и функционери за секое неизвршување на планот за реакција во вонредни ситуации за загадувањето.

Слично

Поврзани вести