Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина нема информации каде е Едвард Сноуден

Кина нема информации каде е Едвард Сноуден
Кинеските власти денеска соопштија дека не поседуваат никакви информации за поранешниот консултант на американските разузнавачки служби Едвард Сноуден, кој ја откри масивната програма за интернет шпионирање на личните контакти на граѓаните. Портпаролка на кинеското министерство за надворешни работи Хуа Чунјинг „Не можам да ви дадам никаква информација",одговри на неколку прашања за евентуалното барање за азил од страна на Ерик Сноуден или точното место на коешто се крие, пренесува AFP. Портпаролката Хуа го повторила кинескиот став според кој „како и другите земји, и Кина се соочува со сериозни закани од информатички напади". „Се противиме на секој облик на пиратство и информатички напади", нагласила Хуа. Според медиумите Сноуден се преселил во Хонгконг. Американските власти би можеле да се определат за поднесување кривично обвинение против Сноуден и да побараат од него самиот да се предаде. Едвард Сноуден, чиишто откритија предизвикаа запрепастување во целиот свет, изјави дека ќе се бори против секои барање на американската влада за негова екстрадиција.  
Слично

Поврзани вести