Кина намерно цели кон намалување на економијата
Кинеската влада намерно цели кон намалување на економијата, изјави Кенет Џарет, кој раководи со Американската стопанска комора во Шангај.
Џарет е категоричен дека во моментов тече реструктуирање на кинеската економија, што отвора многу нови бизнис нишки.
„Намалувањето на економијата ќе продолжи, но нека се запамети дека кинеската влада всушност сака тоа да се случи. Таа сака да се премине од економија, управувана главно од градежништвото, индустриското производство и недвижностите, во економија, која е ориентирана кон услугите и е управувана главно од потрошувачката. Исто така треба да се движи кон производство, кое е на повисока вредност. Кога зборуваме за светската економија, има големи грижи за нејзиното забавување, токму заради Кина. Се разбира, треба да следиме одблизу што се случува во Кина, но не сметам дека има причина за паника“, изјави тој.
