Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина најави зголемени царини за американските производи: Трамп веднаш одговори

Кина најави зголемени царини за американските производи: Трамп веднаш одговори

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе даде брз одговор на одлуката на Кина да започне со примена на нова рунда царински давачки на САД.

Тој им порача на американските компании да најдат „алтернатива“ за правењето на своите производи во Кина.

Во низа емотивни твитови, Трамп не посочи каков ќе биде неговиот одговор на Пекинг. Тој „нареди“ на американските компании да ги променат своите стратегии за производство, но не кажа како ќе го спроведе ова барање.

„Огромните суми пари направени и украдени од Кина од САД, од година во година, со децении, ќе мора, и ќе треба, да запре“, додаде тој.

„На нашите американски компании им е наредено веднаш да започнат да бараат „алтернатива“ за Кина, вклучително и враќање на компаниите дома и да започнат со производство на нивните производи во САД“, истакнува Трамп.

Слично

Поврзани вести