Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина може да се вклучи во војната против „Исламска држава“

Кина може да се вклучи во војната против „Исламска држава“

САД не ја исклучуваат можноста дека Кина може да земе учество во воени операции во странство против терористичката група „Исламска држава“.

Ова го соопшти во средата онлајн изданието „Washington Times“, повикувајќи се на извори од американските воени кругови.

Според нив, „Кина може да испрати војници да учествуваат во глобалниот конфликт со Исламистите“. Како што е објаснето од еден од претставниците на американската армија, „Пекинг е загрижен за порастот на бројот на терористи од Кина во редовите на групата.“

Според американски податоци ИД ги повика кинеските сепаратисти да се приклучат на нивните акции во Ирак и Сирија. Покрај тоа, кинеските власти се загрижени дека исламистите ќе се обидат да го прошират своето влијание во Ксинџијанг во северозападниот дел на земјата.

Како вооружените сили на Кина би можеле да учествуваат во операцијата против Исламска држава во странство, и од каде САД ја има оваа информација, „Washington Times“ не споменува, а цитира воен претставник на САД. Не е јасно и кон кого ќе се приклучат кинеските сили - Русија или САД.

Според весникот, Кина едвај ќе се приклучи на меѓународната антитерористичка коалиција предводена од САД, против ИД во Ирак и Сирија. „Наместо тоа- кинеските војници ќе си ги обединат силите со руските воени сили кои прават големи бомбардирања во Сирија.“

На 30 септември 2015 година, руската авијација удри по терористички цели во Сирија, по барање на сирискиот претседател Башар Асад.

Слично

Поврзани вести