КИНА МОЖЕ ДА ЗДИВНЕ: Имаат само пет нови случаи за 24 часа
Вухан, градот кој важи за епицентар на заразата од коронавирусот, пријави само пет нови случаи во последните 24 часа.
Ова покажува дека бројката е помала од десет втор ден по ред. Во остатокот од државата нема нови случаи, додека во градот Шангај има двајца новозаразени и во Пекинг еден, но лица кои дошле од странство.
Кинеските власти вчера и официјално објавија дека во земјата поминал врвот на ширењето на КОВИД-19. Од појавата на коронавирусот, во Кина се заразиле 80.813 луѓе, а починале над 3.000.
Во светот има над 134.000 заболени од коронавирусот.
Слично
