Кина купува 200 боинга
Американскиот концерн Боинг склучи договор за испорака на околу 200 авиони од типот 737MAX во вредност од 20,7 милијарди долари, со повеќе купувачи во Кина.
Ројтерс, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата, објави дека договорот е склучен со различни клиенти, вклучувајќи ја и авиокомпанијата која е во државна сопственост, Чајна авиејшн саплајз холдинг компани (China Aviation Supplies Holding Company), како и со лизинг компаниите кои се во врска со банките во земјата.
Договорот треба да го одобри кинеската влада.
Слично
