Кина ќе се насочи кон развојот на извозот и индустријата
Главен двигател на кинеската економија и понатаму е високата домашната потрошувачка, оценува вицепремиерот на земјата Џанг Гаоли.
„Кина ќе се придржува кон една разумна монетарна политика, но ќе се преземат решителни мерки за поддршка на инфраструктурни проекти, како и за развој на извозниот сектор, индустријата, услугите и помагање на бизнисите во земјата” - изјави Гаоли, пред новинарите во југозападниот дел на земјата.
Коментарот на Гаоли доаѓа откако стана јасно дека втората најголема економија во светот забележа раст од 7,5 отсто во вториот квартал на годината. Тоа е за 0,2 отсто помалку од растот во првиот квартал на 2013 година.
Слично
