Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина ќе „купува“ свеж воздух за неверојатни 277 милијарди долари

Кина ќе „купува“ свеж воздух за неверојатни 277 милијарди долари
Кинеската влада ќе потроши неверојатна сума од 277 милијарди долари на мерки за борба со загадувањето на воздухот и намалување на зависноста од тешката индустрија. Оваа информација е содржана во усвоениот, од страна на Државниот совет на НР Кина, „План за заштита и контрола на загадувањето на воздухот во периодот 2013-2017". Најголемиот дел од средствата ќе бидат наменети за подобрување на состојбата на животната средина во градовите Пекинг, Тијанџин и провинцијата Хебеј, Северна Кина, каде што контаминација е највисоко на скалата PM 2,5. Шефот на одделот за борба против загадувањето на Министерството за животна средина на Кина, Хуалиен Жао рече дека конкретните мерки се уште се во фаза на развој. Новиот план, исто така, утврдува построги стандарди за содржината на цврсти честички во воздухот. До 2017 година во Пекинг нивниот волумен не треба да надминува 60 микрограми на метар кубен. Властите во Шангај и Тијанџин имаат поставено цел за намалување на емисиите за 20% во текот на овој период. Според Министерството за индустрија и информатичка технологија, над 1.400 компании во индустријата со челик, цемент и хартија, ќе се затворат до крајот на септември.    
Слично

Поврзани вести