Кина ќе инвестира 20 милијарди долари во Иран
Кина е подготвена да финансира проекти за развој во Иран во вредност од 20 милијарди долари. За таа цел ќе се користат пари од нафта , кои не биле префрлени на Исламската република поради меѓународните санкции , пренесоа агенциите , повикувајќи се на порака во иранскиот сајт Тасним њуз ( tasnimnews ) .
Медиумот го цитираше познатиот пратеник Хасан Собханинија, според кого, договорот бил постигнат на разговорите меѓу претседателот на иранскиот парламент Али Лариџани и кинеските лидери. Лариџани ја посетил Кина оваа недела , откако бил придружен токму од Собханинија.
Иранскиот владин портпарол, Мохамед Багер Новбахт, минатата недела рече дека околу 22 милијарди долари иранска нафта се блокирани во Кина поради санкциите . САД и нивните сојузници наметнаа нафтени и банкарски санкции против Иран поради спорната нуклеарна програма , забележуваат агенциите . Кина е најголемиот увозник на иранска сурова нафта , прецизира Асошиејтед прес .
Слично
