Кина ќе гради авио-писта на Антартикот
Кина планира во почетокот на наредната година да изгради авио-писта на Антартикот што е нова етапа во брзата кинеска експанзија на белиот континент.
Кина веќе поседува четири истражувачки станици на Антарктикот, а новиот инфраструктурен објект ќе се користи за транспорт на луѓе и услуги до овие четири истражувачки станици.
Кинеските научници кои работат во тим на изолирани станици зависни од прекуморски транспорт што сериозно ги ограничува нивните истражувачки можности.
На Антартикот досега триесеттина земји поставиле свои истражувачки станици, а Пекинг вложува значајни средства како би го зајакнал кинеското присуство. Најдобрата илустрација на таквите кинески напори се зачестените мисии на кинескиот Sue Longa во тој регион.
Како најголем енергетски светски потрошувач на енергија Кина се обидува да обезбеди свое присуство и на Арктикот на кој се наоѓаат огромни резерви на нафта.
