Кина ќе дозволи приватни банки
Стопанството во Кина веќе со децении се потпира на големите државни банки, но лидерите на земјата се одлучија за либерализација и отворање на банкарскиот сектор за приватен капитал.
Старата банкарска шема во Кина повеќе не функционира, затоа властите ќе основаат нови банки, пишува Волстрит журнал. На минатонеделниот пленум на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина, властите одлучија на приватните инвеститори да им дозволат да основаат мали и средни банки и други финансиски институции.
Приватниот сектор во Кина игра се поголема улога во стопанството, но државните банки не се подготвени активно да го кредитираат. Поради тоа, приватните претрпијатија немаат доволно капитал за свој развој. Многу големи компании веќе најавија дека се подготвени да основаат сопствени банки, пишува американскиот финансиски весник.
Слично
