Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина ја врати моќта на Волво

Кина ја врати моќта на Волво
Голем профит минатата година освои „Volvo“,благодарејќи на големиот успех на кинескиот пазар и мерките на штедење. Во 2013-та година „Volvo“, шведската филијала на кинескиот производител „Geely имаше нето-заработка од 960 милиони круни во споредба со загубата од 542 милиони круни од претходната година. Во првата половина од 2013-та година компанијата забележа загуба од 778 милиони круни, а пред тоа година ипол беше во загуба. „Покрај одличната продажба во втората половина од годината се фокусиравме на враќањето на патот на профитабилноста“, рече Извршниот директор на „Volvо“ Хакан Самеулсон, потенцирајки  дека компанијата е оптимистична за 2014-та година. Продажбата во Кина, која е на добар пат да стане најзначаен пазар за „Volvо“, порасна за 45,6 проценти со продажба на 61.146 aвтомобили. Во САД, моментално најголемиот пазар на шведската компанија, продажбата е намалена за 10,1 проценти или на 61.233 возила. Профитот од работењето на оваа компанија е зголемен за 1,92 милијарди круни од 66 милијарди од 2012-та.  
Слично

Поврзани вести