Економија, финансии, бизнис

Контакт

КИНА ЈА ПРОТЕРУВА: Жена во Пекинг го прекрши карантинот

КИНА ЈА ПРОТЕРУВА: Жена во Пекинг го прекрши карантинот

Жена во Пекинг го прекрши карантинот, доби отказ и е прогонета од Кина. 

Станува збор за Австралијка која предизвика осуди зашто го прекрши карантинот во Пекинг и џогираше на улица. Taa е отпуштена од работа и ќе мора да ја напушти земјата, јави Си-ен-ен.

Жената се расправала со комуналниот работник на улица што се обидел да ја натера да остане дома.

Неколку минути по расправијата со комуналниот работник, на жената ѝ дошла полиција и ѝ објаснила дека мора да ги почитува кинеските закони, без разлика дали е странкиња или не е.

Таа најверојатно ќе се врати во Австралија, а во Пекинг работела во фармацевтската компанија Баер.

Во Кина драстично се намали бројот на заразени. Жариште на вирусот на почетокот на 2020 година беше градот Вухан. 

Слично

Поврзани вести