Кина ја отвара најдолгата пруга на супер брзата железница
Кина идната недела ќе ја пушти најдолгата линија на супер-брзата железница на светот, која ги поврзува Пекинг и Гуангжу во јужниот дел на земјата, објавија вчера кинеските власти.
Линијата е долга 2298 километри, а делови од неа се веќе во функција. Со нејзиното целосно пуштање во сообраќај ќе се намали времето на патување на помалку од десет часа, а возовите ќе се движат со брзина од 86 километри на час. Новата линија е можност за кинеското министерство за транспорт, кое е под остри критики поради скандалот и лошите потези, да врати дел од изгубениот углед. Несреќата на брзиот воз во јуни 2011 година, во која загинаа 40 лица, го отвори прашањето за безбедноста на растечката железничка мрежа во Кина и ги помати плановите за извоз на технологијата за супер брзте возови.
„Ние имаме развиено голем број на ефективни мерки за безбедноста на железничкиот сообраќај“, вели Џоу Ли, шеф на Дирекцијата за наука и технологи во министерството за транспорт.
„Ние сме во состојба да обезбедиме максимална безбедност“, додаде тој.
По неколку големи железнички несреќи, во својот петгодишен план на владата до 2015 година, драстично се намалени инвестициите во железничка мрежа и тоа за 80,27 милијарди долари.
Слично
