Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина ја освојува вселената, лансирана Tiangong-2 лабораторијата

Кина ја освојува вселената, лансирана Tiangong-2 лабораторијата

Кина се подготвува за освојување на вселената со лансирање на „Небесната палата“ новата Tiangong-2 вселенската лабораторија која ќе ја користат научниците за нови истражувања и експерименти. Со втората лабораторија Кина планира до 2020-та да има постојана вселенска станица која ќе биде подготвена за човечки екипаж. 

Кинеските астронаути се очекува да бидат транспортирани со Shenzhou-11 вселенското летало кое поминува низ последните фази на тестови. Тие ќе се задржат 30 дена во станицата каде ќе вршат биолошки, медицински и физички испитувања. 

Кина не е дел од заедничкото користење на Меѓународната вселенска станица и сака да ја докаже сопствената моќ со  самостојна вонпланетарна програма.


Слично

Поврзани вести