Економија, финансии, бизнис

Контакт

КИНА ИСПРАТИ 39 АВИОНА И ТРИ БРОДА КОН ТАЈВАН: Оружјето повторно „заигра“ во Пацификот

КИНА ИСПРАТИ 39 АВИОНА И ТРИ БРОДА КОН ТАЈВАН: Оружјето повторно „заигра“ во Пацификот

Кинеската војска испратила 39 авиони и три брода во Тајван во последните 24 часа како демонстрација на сила насочена кон островот, соопшти денеска тајванското Министерство за одбрана.

Кинеското воено малтретирање на автономниот остров, кој Кина го смета за своја територија, се интензивираше во последните години, а кинеската војска речиси секојдневно испраќа авиони или бродови на островот, наведува АП.

Вчера и денеска 30 кинески авиони ја минаа средината на Тајванскиот теснец, неофицијална граница која некогаш премолчено беше прифатена од двете страни, соопшти тајванското Министерство за национална одбрана.

Авионите полетале на југозападниот дел од островот, а потоа на југоисточната страна пред да се вратат, според дијаграмот на патеката на летот обезбеден од Тајван. Меѓу авионите имало 21 бомбардери Ј-16, четири бомбардери Х-6 и два авиони за рано предупредување.

Тајван рече дека ги надгледувал движењата на Кина преку својот ракетен систем базиран на копно, како и преку своите морнарички бродови.

Кинеската војска одржа големи воени вежби во август како одговор на посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван. Пекинг ги смета посетите на претставници на странски влади на Тајван како де факто признавање на островот како независен и предизвик за суверенитетот на Кина над островот.

Слично

Поврзани вести