Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина има робот сообраќаен полицаец

Кина има робот сообраќаен полицаец

Замислете дека робот ве насочува во сообраќајот . Кина отиде чекор понатаму во иновациите. Создаден е систем со вештачка интелигенција кој работи работа што досега беше резервирана исклучиво за луѓе. По неколкумесечно тестирање на улиците на Кина, роботот контролор на сообраќајот навистина стои на улицата и ја извршува својата должност.

„Hangxing 1“ е името на роботот што претставува прва единица во проект што би можел да се прошири на цела флота роботизирани сообраќајни полицајци. Роботот е опремен со сензори и системи за следење на однесувањето на возачите и пешаците.

„Овој робот не прави грешки. Мислам дека неговата способност за препознавање засега е на високо ниво. Може ефикасно да забележи и евидентира сообраќајни прекршоци од страна на возачите и пешаците, дури и оние што сообраќајната полиција може да ги пропушти. Никогаш не му е студено или заморено. Моментално поминува низ некаков вид обука и е пуштен во реалниот свет. Во блиска иднина ќе му бидат додадени нови функции, во зависност од тоа како ќе се покаже и кои се неговите слабости“, вели Жанг Ванже, службеник во сообраќајната полиција.

„Хангсинг 1“ е развиен во кинеската покраина Хангжу како резултат на соработка помеѓу локалната сообраќајна полиција и неколку технолошки компании. Тестирањето траело со месеци, а роботот бил проверуван на повеќе локации пред официјално да стапи на должност на почетокот на декември.

„Досега не сум видел роботи на улиците, но морам да признаам дека засега се чини дека добро функционира“, рече еден жител на градот.

Повеќе од 150 компании кои развиваат хуманоидни роботи моментално работат во Кина, а неодамна ја прогласија технологијата за национален приоритет.

Фото: Принтскрин/CCTV Video News Agency/илустрација



Слично

Поврзани вести