Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина им нареди на компаниите да гo намалат производството

Кина им нареди на компаниите да гo намалат производството
Кинеската влада им нареди на компаниите во 19 сектори да ги намалат производните капацитети, откако забави растот на економијата, пренесува Франс прес. Министерството за индустрија во Пекинг наредило, околу 1.300 компании, до септември, да ги затворат своите застарени погони или до крајот на годината да го намалат своето производство. Индустриите на кои се однесува одлуката произведуваат стакло, хартија и бакар. Министерството вчера наредило 527 производители на цемент да го намалт производството за 93 милиони тони, а 24 производители на челик да го намалат капацитетот за 7 милиони тони.  
Слично

Поврзани вести