Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина и Турција со најголем извоз од Франција до 2030 година

Кина и Турција со најголем извоз од Франција до 2030 година

Кина ќе стане втора, а Турција петта држава по обем на францускиот извоз до 2030 година. Во најновиот тримесечен извештај за меѓународната трговија на британската банка ХСБЦ, се проценува дека франуцскиот извоз во Кина до 2030 година во просек на годишно ниво ќе расте девет отсто, пред се благодарение на аеронаутиката, хемиската и фармацевтската индустрија.

Францускиот извоз и во 2030 година најмногу ќе зависи од Германија во која минатата година е пласирана француска стока во вредност од 71 милијарди евра.

Велика Британија тогаш ќе биде третиот најголем трговски партнер на Франција во поглед на извозот.

Извозот на Франција во Кина меѓу 2012-2012 е зголемен за 36 отсто, а увозот за 10,8 отсто.

Се проценува дека вредноста на францускиот извоз во Кина во периодот од 2010 и 2012 изнесувал околу 11 до 15 милијарди евра, што Кина ја става во осмиот најголем пазар во поглед на пласманот на француската стока.

Слично

Поврзани вести