Економија, финансии, бизнис

Контакт

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

Кинескиот претседател Кси Џинпинг повика на меѓусебно почитување, мирен соживот и победничка соработка како „три основни принципи“ за односите меѓу САД и Кина

Кинескиот претседател Кси Џинпинг се сретна со Ентони Блинкен, државен секретар на САД и му порача дека Кина и Америка треба да бидат партнери, а не ривали! 

Како што јави Си-Ен-Ен, ова е втора посета на Блинкен на Кина за помалку од една година, а претходно денеска, како Блинкен се сретнал со Ванг Жи, министер за надворешни работи на Народна Република Кина.


Кинескиот претседател Кси Џинпинг повика на меѓусебно почитување, мирен соживот и соработка меѓу двете страни како „три основни принципи“ за односите меѓу САД и Кина.

- Две земји треба да постигнуваат достигнувања една за друга, а не да си нанесуваат штета. Кина и САД треба да бараат заеднички јазик додека ги надминуваат нивните разлики - рече тој, пренесува новинската агенција Ксинхуа.

Кси Џинпинг го отвори состанокот велејќи дека Кина и САД не треба да се впуштаат во злобна конкуренција.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести