Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина и Русија ќе основаат центар за истражување на Месечината и вселената

Кина и Русија ќе основаат центар за истражување на Месечината и вселената

Русија и Кина потпишаа договор за соработка во областа на истражување на Месечината и вселената, како и изградба на центар за лунарно истражување.

Двете држави постигнаа договор за создавање заеднички центар за размена на податоци за лунарните проекти и проекти за истражување на вселената, објави руската вселенска агенција "Роскосмос".

Во соопштението се истакнува дека во проектот ќе бидат вклучени научни и индустриски организации и компаниите.

Земјите, исто така, ќе ги разгледаат можностите да обезбедат поддршка за имплементација на лунарните програми. Ова, исто така, вклучува и лансирање на руски орбитер Луна-26 во 2022 година, додека Кина планира да слета на јужната половина на Месечината во 2023 година.

Слично

Поврзани вести