Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина и објави војна на „Исламска држава“

Кина и објави војна на „Исламска држава“

Кина е уште држава која и објави војна на радикалната група "Исламска држава", откако екстремистите јавно егзекутираа 50-годишен кинески државјанин, пишува британскиот весник The Daily Express.

Кинеските власти реагираа на трагичната вест со ветување дека ќе им се одмаздата на терористите и дека се вклучуваат во војната против џихад организација која е активна главно во земјите од Блискиот Исток.

"Кина ќе ја зајакне соработката со меѓународната заедница, решително ќе се справи со жестоките терористички операции, кои го опустошија животот на невини луѓе и светскиот мир и безбедност", изјави претседателот Си Цзинпин.

Последните настани во малезската престолнина Бамако, каде се одигра уште заложническа криза, во која загинаа 27 лица, налеаја дополнително масло на огнот, откако стана јасно дека тројца кинески службеници на железничка компанија се меѓу загинатите во хотел "Радисон Блу".

"Кинеската влада категорично ги осудува овие нехумани дејства и дефинитивно ќе ги подведе сторителите под одговорност", увери претседателот на Кинеската народна република.

Со огромна артилерија, модерно вооружување и повеќе од 2 милиони војници, армијата на Пекинг ќе претставува сериозна закана за терористите.

Слично

Поврзани вести