Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина и Индија клучни „цигли“ во БРИКС кои може да ја срушат групацијата

Кина и Индија клучни „цигли“ во БРИКС кои може да ја срушат групацијата

Земјите членки на моќната групација БРИКС ќе го одржат својот годишен самит во светло на граничниот спор меѓу Кина и Индија кој може да поттикне тензична атмосфера. 

Лидерите од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка се среќаваат во југоисточниот кинески град Ксиамен од денеска до 5 септември. Ова е девети состанок на групата економии во развој во која всушност се преставени 40 отсто од населението во светот. 

БРИКС генерира околу 22,5 отсто од бруто домашниот производ. Кинескиот претседател Кси Џинпинг ќе ја отвори конференцијата на која ќе присуствуваат и другите лидери меѓу кои и рускиот претседател Владимир Путин.

БРИКС иако најави дека ќе формира свој Монетарен фонд, инвестициска банка и заеднички тела за поголема економска соработка, но ривалството меѓу Кина и Индија засега е главен кочничар на посеопфатни чекори кон реализација на големите планови.

Слично

Поврзани вести