Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина и го презема тронот на Америка

Кина и го презема тронот на Америка
Дека Кина ги престигнала Соединетите Американски Држави како водечка економска сила во светот, сметаат скоро една третина од Американците, пренесува магазинот „Тајм“. Иако уште од 1871 година Соединетите Американски Држави се најважна светска економија, сепак  најновите истражувања покажуваат дека повеќе од половина граѓани на САД веруваат дека на нивната земја и се одбројани деновите на „престолот на светската економија“. Според анкетата на  финансискиот портал „The Street“43 проценти од Американците очекуваат дека САД ќе остане водечка светска економска сила уште пет до седум години, а речиси една третина оценува дека Кина веќе го преземала тронот. Сепак овие  оценки не се во согласност со официјалната статистика која покажува дека САД има речиси двојно поголем БДП од Кина. „Тоа што анкетата всушност го покажува е дека годините на забавениот економски раст можат да го променат доживувањето на економската ситуација во една земја“, оценува магазинот.
Слично

Поврзани вести