Кина и ЕУ ќе преговараат за виното
Европската унија и Кина се согласиле дека има простор за разговори за да се обидат да ги отстранат обвинувањата дека европските произведувачи на кинескиот пазар пласираат вина по дампиншки цени, изјави еврокомесарот за трговија Карел де Гушт.
Оваа спогодба е дека од договорот што Брисел го постигна со Пекинг изминатиот викенд за извозот на соларните плочи од Кина, во досега најголемиот трговски спор меѓу двете големи економии.
Како одговор на првичниот план на ЕУ за воведување на казнени царини за кинеските соларни плочи, Пекинг покрена антидампиншка истрага за увоз на вина од земјите членки на Европската унија, што би можело да доведе до воведување казнени царини за извозниците на вино од Франција, Шпанија и Италија.
Дипломатите на ЕУ и на Кина велат дека очекуваат дека спорот околу вината, како и спорот кој се јави околу европскиот извоз на полисиликони, суровина за производство на соларните плочи, ќе биде отфрлен како израз на добра волја.
Имено, долготрајниот спор околу соларните плочи ескалираше откако ЕК воведе привремени антидампинг царински давачки за увоз на соларни панели од Кина.
Кина е најголем произведувач на соларни панели во светот, а во ЕУ во 2011 година има извезено соларни плочи во вкупна вредност од 21 милијарда евра.
„По неколку неделни интензивни преговори можам да кажам дека сум задоволен со ценовната понуда на кинеските извозници. Ова е пријателско решение што одговара и на Кина и на ЕУ“, изјави Де Гухт.
ЕУ во јуни го обвини Пекинг дека ги намалува цените на соларните панели во Европа, односно ги продава по цена со цел да добие поголем удел на пазарот и се закани со воведување царини и до 47,6 проценти на нивниот увоз од Кина.
