Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина и дава на Венецуела кредит од 5 милијарди долари

Кина и дава на Венецуела кредит од 5 милијарди долари
Кина ќе и додели на Венецуела кредит од 5 милијарди долари, соопшти вчера венецуелскиот претседател Николас Мадуро , пренесе ИТАР- ТАСС . Дадените средства ќе бидат искористени за развој на инфраструктурата , за домување и изградба на индустриски објекти , прецизира претседателот . Прашањето за кредитот беше разговарано при посетата на Мадуро во Кина во септември . Парите ќе постапат во кинеско- венецуелски фонд, создаден во 2007 година. Износот на кинеските заеми за Венецуела , без последниот , изнесуваше 36 милијарди долари . Во август министерот за нафтата и рудници Рафаел Рамирес соопшти дека Венецеула веќе се раздолжила со кредити од 20 милијарди долари . Според официјални извори, обемот на испорачана венецуелска нафта на Кина достигна 640 000 барели дневно , а 264 000 од нив одат за исплата на кредитите . Венецуелските власти ветуваат во најскоро време дека ќе го зголемат количеството до 1 милион барели.  
Слично

Поврзани вести