Кина го заштити Ким Јонг Ун и се сврте против САД
Кина го одбрани севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, предупредувајќи ги САД дека ќе ја „платат цената“ за одлуката да распоредат напреден систем за противракетна одбрана во Јужна Кореја, пишува британскиот весник Дејли Експрес.
Од минатата година светот гледа со загриженост на активностите на Пјонгјанг, кој повеќепати ги игнорираше предупредувањата и изврши неколку нуклеарни ракетни тестирања - агресивна политика, што доведе до осуда и санкции од меѓународната заедница. Во директен одговор на активностите на Северна Кореја, Вашингтон и Сеул се договорија за распоредување на противракетен систем, насочен кон надминување на заканите кои произлегуваат од изолираната земја управувана од Ким Јонг Ун.
Но планот не им се допадна на кинеските власти, кои предупредуваат за неизбежен „контранапад“ во позадина на зголемената загриженост дека моќниот американски радар ќе ја компромитира нивната безбедност.
- Ако САД и Јужна Кореја наштетат на стратешките интереси на безбедноста на земјите во регионот, вклучувајќи ја и Кина, тие ќе ја платат цената за тоа и ќе добијат контранапад, гласи текстот објавен во „People's Daily“, официјален весник на Кинеската комунистичка партија.
Коментарот продолжува: „Како и секоја друга земја, Кина не може ниту да биде свесна ниту рамнодушна кон прашањата за безбедноста кои влијаат на основните интереси“.
Забелешките беа упатени откако кинескиот министер за надворешни работи ги повика САД и Јужна Кореја да ги прекинат плановите за распоредување на противракетен систем, кој наводно ќе биде позициониран на голф терен во јужниот дел на земјата.
- Ние ја повторуваме нашата позиција дека распоредувањето на системот „THAAD“ за противракетна одбрана од САД и Република Кореја нема да одговори на загриженоста на соодветните земји, да придонесе за елиминирање на нуклеарното оружје од Корејскиот Полуостров, или да помогне за мирот и стабилноста на полуостровот, истакна министерот за надворешни работи на Кина.
