Кина го уверува Трамп - Нема намерно да ја девалвираме валутата
Кина нема намера да воведе политика на девалвирање на својата валута за промовирање на извозот, изјави заменик-министерот за надворешни работи Женг Жегианг , во пресрет на првата средба на претседателот Кси Јинпинг со претседателот на САД, Доналд Трамп поради тензиите околу трговијата.
Женг рече дека Кина не бара трговски суфицит со САД по секоја цена и дека е подготвена да работи на промовирање на побалансирана трговија, иако тој рече дека Вашингтон треба да ги засили мерките за зголемување на извозот во Кина.
Трамп го постави тонот за она што би можело да биде напнат состанок во неговото седиште во Мар а Лаго. Трамп на Твитер претходно објави дека САД повеќе не може да толерира масивен трговски дефицит и загуба на работните места на Американците. Вредноста на јуанот падна за 6,6 отсто минатата година што е најголема годишна загуба во однос на доларот од 1994 година.
