Кина го намали кредитирањето
Законодавците го намалија обемот на ликвидност во страв од раст на инфлацијата и т.н. сиво банкарство. Кинеските кредитори минатиот месец одобрија нови заеми вредни 506,1 милијарди јуани (83 милијарди долари), во однос на 787 милијарди јуани од септември, наведува Народната банка на Кина, пренесува агнецијата Франс прес.
Обемот на одобрени заеми значително е понизок во однос на прогнозите на економистите кои учествуваат во анкетата на Волстрит журнал и кои очекуваа 600 милијарди јуани.
Аналитичарите наведуваат дека падот на кредитирањето е последица на сезонските фактори, имајќи предвид дека побарувачката за заеми обично слабее кон крајот на годината, но истовремено е и резултат на мерките за спречување на растот на кредитирањето во време на стабилизација на кинеското стопанство.
Пекинг во текот на викендот соопшти дека инфлацијата достигнала осуммесечен максимум од 3,2 отсто во октмоври, пред се поради растот на цените на храната.
Слично
