Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина го крои планот за развој за идната деценија

Кина го крои планот за развој за идната деценија
Во Кина лидерите четири дена ја разгледуваат економската агенда за следната деценија на 18-тиот конгрес на  Комунистичката партија. Според официјалната новинска агенција Ксинхуа , на пленум седницата вчера зад затворени врати се разговарало за " главните прашања и  сеопфатните длабоки реформи ". Кинески лидери се под притисок да го ревидираат моделот базиран на трговијата и инвестициите, кои забавува по три децении брз економски раст, пренесе АП . Експертите , вклучувајќи ги и оние на Светската банка, истакнуваат  дека претприемачите кои креираат нови работни места и богатство во Кина, треба да добијат поголема улога во економијата каде доминира државата. За четири дена пленум зад затворени врати, партиските лидери ветија дека ќе донесат големи  реформи, но според аналитичарите , тие ќе бидат фокусирани на економски прашања и не се очекуваат политички реформи во западен стил . Многу економисти проценуваат дека тоа сега ќе биде потребно за да се скроти моќта на претпријатијата во државна сопственост , да се избалансира кредитниот раст и да се либерализира финансискиот сектор, во кој доминираат државните банки. Сепак, според еден кинески академик, според сегашната констелација на силите најдоброто што може да се очекува се бавни, но стабилни промени. Претходните вакви седница на кинеската Комунистичка партија беа клучни за развојот на земјата - особено таа 1978 декември, кога новоименуваниот лидер Денг Сјаопинг го смени текот на историјата и ја ратификува одлуката со која осиромашената и изолирана економијата на Кина се отвори кон светот.
Слично

Поврзани вести