Кина ги предупреди САД: Не предизвикувајте војна
Капетанот на кинеската морнарица адмирал Ву Шенгл го предупреди американскиот генерал Џон Ричардсон и рекол дека провокативни акции на американската морнарица би можеле да доведат до војна во Јужното кинеско море, предизвикувајќи сепак надеж дека американската страна ќе ги негува добрите односи со кикенската морнарица и ќе избегнува провокации од ваков вид.
Адмиралите се сложиле за потребата од придружување на протокол кој е во согласност со Кодексот за непланирани средби на море.
Шенгли рекол дека верува оти кинеската и американската морнарица имаат доволно простор за соработка и дели ќе се „Одигра позитивна улога во одржување на мирот и стабилноста во Јужното кинеско море“:
-Ако САД продолжат со вакви опасни и провокативни акции , тоа може да предизвика и одредени притисоци помеѓу силите, како на море, така и во воздух или помали инциденти кои може да доведат до војна-рекол кинескиот генерал на својот американски колега по пат на видеко конференција.
