Кина ги надмина САД по бројот на подморници
„Кинеската морнарици има повеќе дизер и подморници способни за нуклеарен напад отколку САД“, изјавил американскиот вицеадмирал Џозеф Мал.
-Тие можеби не се од ист квалитет, но нивните подморнички сили се развиваат со неверојатна брзина. Тие сега имаат повеќе дизел и подморници за напад отколку нив, рекол Мал.
Тој е заменик началник за поморски операции и рекол дека Пекинг „произведува некои навистина воодушевувачки подморници и во пракса ги користи“.
Кинсеките поморски сили ги вклучиле во најмалку три мисии во Индискиот океан. Тие исто така , имаат можност да испратат подморници со балистички ракети во мисија во траење од 95 дена, додал Мал.
-Не мислиме дека имаат нуклерано оружје , но видовме дека произведуваат ракети и ги тестираат - истакнал американскиот вицегенерал.
Американската морнарица соопштила дека располага со 71 подморница.
Кинеската страна, според проценките на Пентагон изнесени минатата година, има 77 борбени бродови, повеќе од 60 подморници , 55 амфибии и околу 85 помали пловни опремени ракети.
