Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина ги хакирала сите поголеми компании на САД

Кина ги хакирала сите поголеми компании на САД
Поранешниот директор на американската Агенција за национална безбедност (NSA) Мајк Меконел за време на предавањето на Универзитетот на Мисури изјавил дека во системите на сите големи американски компани влегувале хакери и шпиони на Кина. “Кинезите влегле во секоја голема корпорација во САД и земале информации. Немаше случај во кој не наоѓаме кинески вируси”, вели Меконел. Тој објаснил дека жртвите на кинеските хакери и шпиони биле институции како Министерството за одбрана и Конгресот на САД, а преку вирусите можеле да добијат секакви информации кога ќе посакале. Џон Пирк, поранешен специјалист за сајбер безбедноста на ЦИА смета дека тврдењата на Меконел се неразумни и погрешни. Пирк вели дека неговата компанија за сајбер безбедност исконтактирала со неколку од наведените настради фирми, од каде што не добил никакви докази дека станува збор за кинески хакирања. Тој додава дека е навистина тешко да се дознае кој стои зад еден хакерски напад.
Слично

Поврзани вести