Кина формира сопствен пазар за тргување со фјучерсите на нафта
Кина, најголемиот светски потрошувач на енергенси, превзеде чекори за формирање на сопствен пазар за тргување со фјучерсите на сирова нафта, на кој на странските инвеститори можеби ќе им биде дозволено да тргуваат.
Кинеските власти и берзата во Шангај основаа компанија која ќе раководи со платформата за тргување со договорите во новата шангајска зона за слободна трговија (ФТЗ), соопштија кинеските медиуми и функционери.
Официјален Пекинг вети слободно движење на капиталот и воведување на нови финансиски производи во ФТЗ зоната, која е основана на крајот од декември.
Фјучерсите се договори со кои се договара испораката на одредени сировини или финансиски инструмент на договорен датум на испорака, по претходно договорена цена.
Најавената нафтена платформа ќе биде петта фјучерс берза во Кина, јавува Шангај дејли и додава дека во моментов на ниту еден пазар не се тргува со фјучерси на сирова нафта.
Слично
