Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина – „фантомски“ градови на секој чекор

Кина – „фантомски“ градови на секој чекор
Во Кина постојат над 60 милиони станови во кои не живее никој и околу 200 „фантомски“ градови без жители во 12 кинески провинции, покажаа последните проценки на меѓународната консултантска куќа „Стратфор глобал интелиџенс“. „Во текот на кризата во 2008 година, кога драстично се намали кинескиот извоз, вниманието на кинеската влада се насочи кон развој на внатрешноста на земјата. Владата тогаш имаше само еден единствен приоритет - да ги вработи работниците кои беа отпуштени од фабриките. Најдобар начин да го направи тоа беше да инвестира во изградба на станбени згради во кои веројатно никој никогаш нема да живее“, објаснуваат аналитичартите на Стратфор. Така за само неколку кризни години, во Кина се изградени милиони нови станови и тоа во региони во кои не се памети ваков интензитет на урбанизација. Во голе број случаи, овие нови градови и нивната инфраструктура се изградени благодарение на банкарскиот систем во сенка, во кој кредитните манипулации не се реткост. Во истовреме, во Кина се појави уште еден тренд, а тоа е изградба на цели градови - реплики на познати светски градови. Но, и тие станаа „градови на духови“, бидејќи иако се атрактивни, во нив цените на недвижностите обично се премногу високи. Таква судбина доживеа и градот „Мал Париз“ во Тијандученг, во кинеската провинција Шангај, кој е вистински пример за ценовниот „балон“ на недвижностите. Популацијата на Тијандученг брои 2.000 лица, а градот сега мкже да прими 100.000 жители. Сепак, само ретки мкжат да си дозволат да живеат во оваа реплика на францускиот главен град. Повеќето француски апартмани сега ги населуваат работници, кои и натаму работат на изградба на нови населби. Идејата за изградба на градови-реплики се објаснува со зголемениот БДП и обидот за промоција на позитивните аспекти на животот, но официјален Пекинг нив има намера да ги искористи и во маркетиншки цели. Сличен проект, вреден 940 милиони американски долари, финансиран од еден од локалните тајкуни, се појавил и во кинеската провинција Гвандонг - таму била изградена копија на Халштат, кој годишно го посетуваат 80.000 туристи. Недалеку од Халштат и Париз се наоѓа и „пресликан“ Лондон. Овој град беше отворен во 2006 година, а репликата е толку верна на оргиналот што сопствениците на англиските пабови ги тужеле кинеските градители за кражба на интелектуална сопственост. Иако некогаш побарувачката за недвижности во овој град беше поголема отколку во „псевдо-Париз“, сепак кинескиот Лондон денеска исто така е „фантомски град“. Кинеските аналитичари сепак нагласуваат дека треба да се знае оти во моментов само 50% од кинеската популација живее во градовите, а забрзаниот процес на урбанизација се очекува да ги пополни и градови кои сега се сосема пусти.
Слично

Поврзани вести