Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина е виновна што опаѓа побарувачката на луксуз во светот

Кина е виновна што опаѓа побарувачката на луксуз во светот
Солидната добивка и растечките цени на производите на Tiffany, Michael Kors и други луксузни брендови доведоа до нов бум кај луксузните стоките,  пишува Роберт Франк за CNBC. Новата студија на еден од најсериозните експерти во индустријата покажува дека растот на овие продажби ќе биде до 50% побавен оваа година во споредба лани, а како за основна причина се наведува ... Кина. Клаудија Априцио, која е партнер во „Bain & Co“. и шеф на одделот за луксузни стоки и мода, предвидува оваа година растот на продажбата на луксузни стоки во светот да се намали  меѓу 4% и 5%. Во 2012 година растот беше 10%, а во 2011 година - 11%. Се очекува во текот на оваа година продажбата на глобално ниво да порасне помеѓу 220 и 222 милијарди евра . Иако валутите играат голема улога во забавувањето на растот, истражувањето покажува дека забавувањето на растот во Азија - особено во Кина , заедн со слабоста во Европа ќе имаат огромна улога врз силни перформанси во САД и делови од Латинска Америка. Растот на продажбата во азиско-пацифичкиот регион со исклучок на Јапонија ќе се забави до 10% од 26% во 2012 година, се истакнува во соопштението. Енергичните мерки на кинеската влада против корупцијата се одразија на локалната култура на подарување, а на овој начин и врз купувањето на екстравагантни стоки, особено скапи часовници, кои се користат доста често за подароци, се додава во документот. Во него се исто така забележува дека блогерите во Кина градат негативна слика за луксузните стоки. Европа ќе остане слаба, а растот на продажбата на луксузни стоки таму ќе се забави до 3% од 8% минатата година, се истакнува во студијата. За разлика од нив САД се враќа кон луксузот, предводена од зголемената доверба на потрошувачите, велат авторите на студијата.
Слично

Поврзани вести