Кина е окована со снег - сообраќајот е парализиран
Поголемиот дел од северна Кина, вклучително и главниот град Пекинг, е под снег, кој предизвика проблеми во сообраќајот.
Температурите паднаа под нулата, а студениот бран се движеше од запад кон исток.
Националниот метеоролошки центар издаде портокалов метеоролошки аларм за снежни виулици, што е второ највисоко ниво во системот за предупредување од четири степени во Кина. Во одредени области се предвидуваат врнежи од снег и до 30 сантиметри.
Во Пекинг, автобускиот сообраќај на повеќе од 160 линии е привремено прекинат, а бројот на летови до двата главни аеродроми во градот е намален, објавија државните медиуми. Брзите возови за Тијанџин и Шангај се откажани или одложени.
Небото се расчисти во кинеската престолнина во попладневните часови по локално време додека снежната бура се движеше на исток.
Во автономната област Внатрешна Монголија, во саботата беа откажани летовите на аеродромот Хохот, главниот град на тој регион, јави агенцијата Ксинхуа. Исто така, некои автопати се привремено затворени во провинцијата Хебеи, која го опкружува Пекинг, и на запад во провинцијата Шанкси, објави новинската агенција Ксинхуа.
Преземено од: https://beta.rs/
Фотографија: Beta
