Кина е идниот најголем светски увозник на нафта
Од октомври Кина ќе ја преземе од САД улогата на најголем светски увозник на нафта, благодарение на комбинацијата на раст на побарувачката во Кина и производството во САД, покажуваат податоците на Американската владина агенција за информирање за енергетика ЕИА.
Нето увозот на нафта во Кина идната година ќе го надмине увозот во САД на годишно ниво, а разликата меѓу тие две земји ќе продолжи да се зголемува, наведе ЕИА, пренесе Франс прес.
Кина е веќе најголем потрошувач на енергенси во светот и втор по големина потрошувач на нафта, по Америка. До промени на водечката позиција ќе дојде поради силниот раст на побарувачката во Кина, зголеменото производство во САД, како и поради стагнација или слабење на побарувачката на американскиот пазар, наведе ЕИА.
Слично
