Економија, финансии, бизнис

Контакт

КИНА ДО ТРАМП: Спремни сме за секаков тип на војна

КИНА ДО ТРАМП: Спремни сме за секаков тип на војна

Oд кинеските власти стигна предупредување до американските. 

Кина ги предупреди САД дека е спремна за секаков тип војна, откако американскиот претседател Доналд Трамп ѝ воведе нови царини.  Трамп воведе царини од 20 отсто на целиот кинески увоз, а Кина возврати со царини од 10-15 отсто на американските земјоделски производи.

„Ако САД сакаат војна, дали е трговска војна, царинска војна или некој друг тип на војна, ние сме спремни“, изјави кинескиот претседател Шји Џинпинг.

Трамп ѝ воведе царини на Кина под изговор дека таа не спречила внесување на смртоносната дрога фентанил во САД.

„Проблемот со фентанилот е слабо оправдување. Застрашувањето и силеџиството не не плашат, а притисокот, принудата и заканите не се вистинскиот начин за справување со Кина“, рече Кијанг.

САД воведе царини за Канада, Кина и Мексико. 

фото АП

Слично

Поврзани вести