Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кина бара уште информации – како паднал малезискиот авион?

Кина бара уште информации – како паднал малезискиот авион?
Кинеските власти побараа од Малезија да ги достави сите информации и докази кои потврдуваат дека исчезнатиот авион Боинг 777-200 се урнал во Индискиот Океан. „Кина веќе беше известена за објавата на малезискиот премиер Наџиб Разак за судбината на авионот и овие информации ги разгледуваме со внимание“, соопштија властите во Пекинг. Истовремено, кинеските власти побарале од Малезија да продолжи да ги доставува сите информации и изразиле надеж оти потрагата по авионот ќе продолжи и понатаму, се додека не се пронајдат остатоците од авионот и црните кутии. Најголемиот дел од 239-те патници и членови на екипажот на летот МХ370 од Куала Лумпур до Пекинг беа кинески државјани. Малезискиот премиер Разак денеска објави дека со анализа на сателитски снимки било утврдено дека авионот, без секакво сомнение, се урнал во Индискиот Океан и оти во несреќата нема преживеани. Сепак, уште многу прашања остануваат без одговор, а најважното секако е што правел авионот илјадници километри далеку од својата планирана рута. Семејствата на загинатите патници во шок ја примија веста за судбината на нивните најблиски, повеќе од две недели од исчезнувањето на авионот. ДРАМАТИЧНО ВИДЕО: Семејствата на патниците во малезискиот авион веста ја добиле со СМС порака
Слично

Поврзани вести